Кремљ им порача на пратениците да бидат подготвени за прекин на огнот и победа

Од:

Претставници на Кремљ – администрацијата на рускиот претседател – ги повикаа пратениците во Државната дума од владејачката партија „Единствена Русија“ да се подготват за прекин на огнот и за победа во војната со Украина.

Весникот „Ведомости“, повикувајќи се на извори запознаени со настанот, пренесува дека оваа изјава била дадена за време на семинар одржан на 13 и 14 ноември во центарот „Сенеж“ во Московската област. На собирот се обратија претседателот на партијата Дмитриј Медведев, првиот заменик-шеф на претседателската администрација Сергеј Кириенко и други високи претставници на Кремљ.

На семинарот – на кој присуствуваа околу 100 од вкупно 349 пратеници на партијата во Државната дума – на членовите на „Единствена Русија“ им беа претставени целите за следните пет години.

„Рекоа дека сите треба да бидат подготвени за победа, кога борците одеднаш ќе се вратат од ’специјалната операција‘“, изјави еден од изворите, иако не беше прецизирано како точно се очекува пратениците да се подготват за оваа победа.

На 10 и 11 ноември во Абу Даби се одржаа тристрани преговори во кои учествуваа САД, Украина и Русија.

Иако деталите од разговорите не беа јавно изнесени, медиумските извештаи укажуваат на тоа дека Русија изнела максималистички барања, вклучително и враќање на НАТО на границите од 1997 година, како и трансформација на Молдавија во федерална република.

Би можело да ве интересира

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Разбиена огромна криминална мрежа со центри во Украина

Путин: Поранешните колонијални сили сакаат да ја задржат контролата врз другите земји

Медведев: Заострувањето на санкциите против Русија ќе им наштети на Американците

Француски војници се тајно распоредени во Украина, парламентот не е известен

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Трамп: Путин стана попопустлив во однос на Украина