Путин: Поранешните колонијални сили сакаат да ја задржат контролата врз другите земји

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека поранешните колонијални сили продолжуваат да се обидуваат да ја задржат контролата врз економиите на земјите во Азија, Африка и Латинска Америка, како и да се мешаат во нивните внатрешни работи и надворешна политика.

Во пораката со која им посака добредојде на учесниците на форумот „За слобода на нациите!“ – посветен на борбата против современите форми на неоколонијализам – Путин изјави дека Русија категорично ги отфрла сите форми на неоколонијализам, вклучително и употребата на сила и санкции, и ги поддржува стремежите на нациите да го зајакнат својот суверенитет и независност, пренесе „Спутник“.

Тој нагласи дека меѓународната соработка треба да се заснова на универзално признати правни норми, почитување на легитимните интереси на сите страни и заемна корист.

Путин истакна дека сè поголем број земји го поддржуваат создавањето на праведен и демократски меѓународен систем заснован на мултиполарност и еднаквост, но дека неоколонијалните амбиции на одредени западни држави остануваат пречка за остварување на оваа цел.

Би можело да ве интересира

Медведев: Заострувањето на санкциите против Русија ќе им наштети на Американците

Трамп: Путин стана попопустлив во однос на Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД