Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија има намера да спроведе „хуманитарна операција“ во Костјантинивка, во источна Украина, под изговор за евакуација на цивили, со цел да преземе контрола врз градот.

Според Зеленски, Москва исто така се обидува да го отвори патот за понатамошно напредување кон Краматорск и Славјанск.

Обраќајќи им се на новинарите, тој објасни дека Москва предлага евакуација на градот под превезот на заштита на населението – потег кој, според него, би им овозможил на руските сили да воспостават контрола над него, пренесе „Укринформ“.

Зеленски истакна дека Украина работи на евакуација на цивилите, но дека во моментов се водат борби во самата Костјантинивка.

„Ако ја препуштиме Костјантинивка, нивни следни цели ќе бидат други градови во Донбас. По Костјантинивка, тоа ќе бидат Краматорск и Славјанск“, рече Зеленски.

Во врска со претходната операција за евакуација на цивили од Олешки, Зеленски изјави дека луѓето биле спасени со посредување на американската страна – конкретно благодарение на иницијативата на првата дама на САД, Меланија Трамп.

Сепак, тој додаде дека Русија ја искористила таа ситуација за да ги зајакне сопствените воени позиции.

Зеленски напомена дека Украина ѝ доставила на американската страна список од седум до осум населени места каде што цивили, вклучително и деца, останале заробени; меѓутоа, Русија не предложила слични операции за тие локации.

Според него, руските сили веќе година и пол не успеваат да ја заземат Костјантинивка. Тој исто така наведе дека, според украинските проценки, руските воени загуби во октомври изнесувале 54.000 загинати и тешко ранети – што е најголема месечна бројка на жртви за Русија во речиси петгодишната војна, како што истакна тој.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ