Зголемена концентрација на коронавирусот во отпадните води во Унгарија

Од:

Во Унгарија се зголемува просечната концентрација на коронавирус во системите за третман на отпадни води, соопшти денеска унгарската Влада.

Според Институтот за јавно здравје, просечната концентрација на коронавирус откриена во примероците на отпадни води од Будимпешта, Ѓер, Мишколц и Секешфехервар е повторно во нагорен тренд, додека концентрацијата на вирусот опаѓа во Бекешчаба и Кечкемет.

Тестовите покажуваат умерено присуство на вирусот во канализационите системи и во некои други градови, јавија локални медиуми.

Сесилија Милер, главниот епидемиолог, на конференцијата на оперативниот штаб за борба против пандемијата изјави дека загриженоста е предизвикана поради концентрациите на вирусот во канализационите системи во Унгарија што од неодамна се стабилни или повторно се зголемуваат.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон