Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Од:

Унгарската јавност е огорчена од незамисливата леснотија со која поранешната претседателка Каталин Новак (46) помилува човек осуден за помагање на педофил.

Локалните медиуми објавуваат се повеќе детали кои предизвикуваат бес на јавноста кон системот и згрозеност кон сексуалните предатори.

Жртви на сексуална злоупотреба биле малолетници сместени во установа за незгрижени деца. Директорот на државна институција за социјална помош за деца малтретирал најмалку десет деца од 2004 до 2016 година, додека еден од вработените ги убедувал жртвите да не го пријавуваат по грозоморниот чин.

Во 2018 година директорот беше осуден на осум години затвор.

Вработениот е осуден на три години и четири месеци затвор бидејќи ги убедувал жртвите да молчат и ја прикривале нивната експлоатација како сексуални робинки. Новак, сепак, го помилува минатиот април заедно со уште 20 други осуденици за време на посетата на папата Франциско на Унгарија.

Сето тоа беше откриено минатата недела.

Новак првично одби официјално да ја објасни одлуката, но опозицијата побара нејзина оставка, а група гневни граѓани се собраа пред нејзината канцеларија во петокот. Еден ден подоцна, во Будимпешта се одржа уличен протест на кој присуствуваа илјадници луѓе.

По тоа Новак во телевизиско обраќање поднесе оставка.

– Одлуката за помилување ја донесов сметајќи дека осудениот не ги злоставувал децата што ги надгледувал. Згрешив бидејќи помилувањето покрена сомнеж за нулта толеранција за педофилија. Денеска е последниот ден кога ви се обраќам како претседател – рече Новак.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати