Земјите од Г-7 усвоија заеднички пристап за евакуација и план за односите со талибанците

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон, по итната видеоконференција на Г-7, изјави дека организацијата на седумте најразвиени земји во светот постигнала договор за планот за како да се однесува кон талибанците.

– Она што го направивме денеска како Г-7 е постигнување договор, не само за заеднички пристап за решавање на евакуацијата, туку се согласивме и за план како ќе се однесуваме кон талибанците, рече Џонсон по итниот видео самит на седумте најразвиени земји во светот.

Тој повтори дека условот број еден за талибанците е тие да мора да гарантираат безбеден премин за секој што сака да го напушти Авганистан по 31 август.

Џонсон изрази надеж дека талибанците ќе сфатат дека, како што рече, Г7 е организација која има клучно глобално „економско, дипломатско и политичко влијание“.

– Она што сакаме да го порачаме е дека Авганистан не може повторно да стане жариште на терор, ниту нарко држава, а девојчињата мора да имаат право на образование до 18-годишна возраст, рече британскиот премиер.

На прашањето дали лидерите на Г-7 извршиле притисок врз американскиот претседател Џозеф Бајден за неговиот пристап кон решавање на кризата и за одбивањето да го продолжи рокот за заминување на преостанатите американски војници од Авганистан по 31 август, Џонсон рече дека евакуацијата од Кабул претставува многу значаен успех за војската“.

– Убедени сме дека можеме да извлечеме уште илјадници луѓе, меѓутоа, ситуацијата на аеродромот во Кабул не е ништо подобра, одговори Џонсон.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски