Земјаните на Марс испраќаат 90 илјади поздрави

Од:

Радио телескопите од Земјата денеска ќе испратат  90 илјади пораки на Марс, во чест на 50-годишнината од првата посета на вселенското летало на таа планета.

Американската компанија Uwingu го организира ова вонземјанското поздравување во чест на 50-годишнината на мисијата на НАСА Маринер 4, но и за да соборат средства за други проекти.

Иницијативата „Транспортирај ме на Марс“ ги повика заинтересираните учесници да ги испратат своите имиња, пораки и фотографии на Марс по цена од пет до 99 долари. Одговориле неколку славни личности меѓу кои и актерот и комичар Сет Грин и актерот Џорџ Такеи, кој во телевисизката серија „Ѕвездени патеки“ го глумеше г. Сулу.

Испраќањето почнува денеска во 15 часот по локално време на Флорида, или во 21 часот по средноевропско време. Пораките патуваат со брзина на светлината, па до Марс ќе им требаат околу 15 минути. Целиот процес ќе се изведува два пати.

Организаторите рекоа дека нема никакво значење тоа што никој нема да одговори на пораките.

Откако Маринер 4 успешно пролета покрај Марс и ги испрати првите фотографии од површината на Црвената планета, повеќе од 20 други вселенски летала успешно ја посетиле, влегле во орбитата или дури се спуштиле на површината на Марс.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов