(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Од:

Мартина Димоска е првата Македонка која облекла скафандер на астронаут и добила шанса да ги истражува мистериите на универзумот. Нејзиниот активизам во науката, во вселенските науки и во аналогните истражувања ја стави Македонија на вселенската мапа.

Страста за истражување на вселенските технологии ја следи од студиите за „Инженерство на материјали и нанотехнологии“ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје до магистерските вселенски студии на Меѓународниот вселенски универзитет во Стразбур, Франција.

Мартина често споделува многу вести од вселенските истражувања и научните достигнувања на своите социјални мрежи, а нејзиниот профил на Инстаграм, @astro_smarta, има над 40.000 следбеници.

Во интервју за „А1он“ Мартина открива како изгледаат мисиите на аналогните астроунати облечени секојдневно во скафандер тежок 25 килограми, како се преживува со „храна во прав“ и мали количини на вода и колку светот напредувал во обидот да се одговори на најголемите прашања поврзани со планетата Марс.

Мартина ти си првата Македонка која облекла скафандер на астронаут, учествувала во аналогна мисија и добила шанса да ги открие мистериите на универзумот.Од каде таа таа страст за науката и вселенските технологии?

– Мојата пасија кон барање на вистината потекнува од многу малечка и за мене најзагатливи прашања биле токму тие за вселенеските истражувања и затоа се пренасочив кариерно кон тоа поле.

Каков беше патот од твојата Македонија до најсовремените центри за истражување на вселената во светот?

– Патот беше напорен затоа што ние немаме вселенска агенција која може да го финансира и потпомогне таквиот пат и немаме вселенски програми каде што можеме да вршиме истражувања и да се рамниме со светски водечки истражувачки центри. Затоа после диполмските студии одбрав магистерски вселенски науки на Меѓународниот вселенски универзитет во Франција, кој е видно етаблиран во вселенскиот сектор.

Што е аналогна астронаутска мисија, како се одвива и која е нејзината цел?

– Аналогните мисии се мисии кои служат за повеќенаменски истражувања каде што може да се соберат повеќе информации, се тестираат системи, живеалишта, екипаж и се вршат нови експерименти. Овие истражувања служат за проверка на сите системи што сакаме да ги истражиме и да извлечеме што повеќе информациии за да откриеме што потенцијално би можело да биде имплементирано понатаму во вистинските вселенски мисии.

Која беше твојата улога во тимот, како разновидната експертиза на членовите на вашиот тим придонесе за успехот на мисијата?

– Мојата втора аналогна астронаутска мисија беше наречена APICES (Astroland Project Inside Caves for Earth-based Space Exploration) која што беше воспоставена од ЕСА-поддржаниот стартап ICEE Space и Аstroland Interplanetary Agency. Мисијата се одвиваше во живеалиште сместено во пештера изолирана од светот, во заштитен национален парк во Arredondo (Cantabria) Satander, Шпанија. Првиот чекор кон воспоставување човечка колонија на Марс е да се реплицираат условите за живот на Црвената планета. За таа цел, Астроланд има создадено научна вселенска станица наречена Арес длабоко во срцето на пештерата потпомогната со уште едно помало живеалиште наречено ‘Xplorer Outpost’. Бевме шест членови на екипажот, мојата примарна улога беше Инженер на екипажот, а секундарна улога беше ‘outreach lead’. Командир на Мисијата беше ЕСА Астронаут Резервистот Алеш Свобода.

Некои истражувања тврдат дека човештвото за да биде заштитено од опасности како што е Соларната радијација при помалата Марсовска гравитација, луѓето би требало да живеат во Марсовските лава шуплини. Ова е предноста на Астроленд која работи како прва постојана, plug-and-play подземна аналогна станица во пештера долга 1,5 km и висока 60 метри во Сантандер, Шпанија. Astroland ја има обезбедено пештерата за нивно истражување, и таа е целосно заштитена и комплетно отсечена од остатокот од светот, и само истражувачи при Astroland имаат пристап до натрешноста.

Мисијата беше екстремна, поради самиот терен во пештерата, студот, високото присуство на CO2 во живеалиштето, напорниот распоред, прекините на струја кои беа честа појава на вистинско итно сценарио но и екстремните ‘food and water rations’. Имавме само два литри на ден по човек, (за компарација, на меѓународната вселенска станица конзумираат 4 литри на ден по човек) со кои вршевме хигиена и ги конзумиравме, а секако и ја растворавме нашата замрзната и сушена ‘freeze dried’ храна.

Како беа симулирани вселенските услови и кои нови тетехнологии беа користени или тестирани за време на мисијата?

– Мисијата имаше повеќе слојна симулација. Прво, бевме во пештера и со самото тоа бевме изолирани од светот. Во самото живеалиште имавме мимицирање на компресија и декомпресија на модулот од живеалиштето наменет за вселенски прошетки. Се соочувавме со екстремни температури, мали количини на вода и „броени дози на смрзната – сушена“ или навидум прашкаста храна.

Како овие симулации и експерименти се поврани со истражувањата за вселената во реалниот свет?

– Навистина е интересно да се носат различни членови на екипаж кои придонесуваат со диверзитет, а со тоа и ги збогатуваат експериментите што се одвиваат постојано низ сите мисии. Аналогните мисии се во подем и постојано има нови луѓе кои што имаат неверојатни животни искуства и од кои можеш многу да научиш затоа што нивната експертиза и искуство ја претвораат во експеримент и имаат можност да ја тестираат на ваквите мисии. Секако има доста експерименти што придонесуваат не само за вселената туку и на земјата. Геолозите сакаат да го истражуваат тој редок микробиом кој го има во пештерата. Или пак, кога пробуваме со УВ светлина да ги чистиме нашите алишта, може да видиме колку функционира тој концепт во услови каде што немаме достапност до машини како што е Антартикот. Микробиолошките податоци „донирани“ од Аналогните Астронаути служат за детекција на болести и справување на истите во непристапни средини.

Како изгледа твојот вообичаен ден во текот на мисијата носејќи скафандер од 25кг?

– Еден ден на аналоген астронаут доста исполнет. Аналогните Астронаути освен тоа што се истражувачи и треба да можат да го издржат психофизичкиот напор за да ја изнесат мисијата успешно, тие мора сами да го поправаат живеалиштето, да го одржуваат, да ги балансираат системите, да готват, итн. Се зависи од спремноста и посветеноста членовите на екипажот во таква изолирана и екстремна средина.

Еден „нормален“ ден би го опишала вака:

Вечерта претходно сите системи треба да ги подготвиш за престојниот ден особено ако имаш вселенска прошетка. Стануваш наутро,се слушаш со контролорот на мисијата за да видиш дали има некакви промени, го проверуваш календарот, ги даваш своите микробиолошки податоци, ги земаш брисовите и ги вршиш сите физички и когнитивни анализи и експерименти кои се прикажани на агендата за утрото. Потоа имаш лична хигиена и подготвуваш храна во прав. Заедно со командирот на мисијата правите брифинг и план за денот. Се продолжува со тимско исполнување на конгнитивни тестови, проверка на опремата и вршење експерименти. Се поправа опремата што можеби е оштетена и расипана од претходниот ден. Потоа имаме ручек по што се подготвуваме за извршување на мисијата со вселенска прошетка и одиме да ги облечеме костимите и тимски да се подготвиме за целите на мисијата. Додека ги проверуваме сите системи, функционалноста на скафандерите и опремата, правиме брифинг со тимот пред вселенската прошетка. Секој ден мисијата е различна и правиме различни истражувања, се враќаме назад, пополнуваме разни прашалници, ги анализираме исходите од мисијата. Правиме ноќен бриф со командирот на мисијата, пополнуваме прашалници и даваме извешта за сработеното и денот завршува со вечера и малку време за себе.

Како изгледа храната наменета за животот на Марс, може ли да се готви во такви услови?

– Ние јадевме „freeze-dried food“, тоа е навидум прашкаста храна која се раствора во вода, која не е толку блуткава како што се мисли. Тие оброци се контролирани и се јаде заедно со екипажот, затоа што се испитува се, дури и вашата столица.

Аналогните мисии често имаат за цел да ја реплицираат изолацијата и стресот со кои се соочуваат астронаутите во реалниот свет. Како ти се справи со овие чувства?

– Навистина сум навикната на аналогните средини, но ми беше првпат во пештера и во такви екстремни услови затоа што постојано губевме електрична енергија и имаше итни сценарија кои ги решававме со екипажот. Интересно е да се забележи како ќе преживееш со толку малку храна или со два литра вода по човек во текот на ден. Најголеми стресови ни беа дефинитивно оние суштинскитекако лимитот на храната и водата, затоа што ако споредиме со меѓународната вселенска станица, тие конзумираа четири литри дневно, а ние бевме лимитирани на два. Психолошки пак бевме добар екипаж и сметам дека затоа мисијата се одвиваше толку добро и не се чувствуваше никаква тензија.

Што според тебе беше најважниот момент на мисијата и најпредизвикувачкиот дел, односно што најмногу те изненади или не го очекуваше?

– Имаше многу моменти кои беа важни. Најинтересно беше што првпат имавме екипаж кој постојано беше позитивен и се смееше, а ги решаваше проблемите и итните случаи со многу ентузијазам. За мене беше голем новитет да ни оди толку добро како екипаж и како тим, бевме добро одбрани и добро избалансирани.

Македонија нема вселенска програма, иако некои земји од Балканот имаат и планираат лансирање на сателити во вселената. Можеме ли да се влучиме на тој пат во блиска иднина?

– Многу од нашите соседи имаат свој развој и лансираат сателити или се во подем со вселенски активности предвидени за развој во регионот. Македонија ќе има голем бенефит во иновацискиот и технолошкиот развој на земјата доколку има нишки што може да ги развиваме како инженерство на материјали или комуникациски технологии и тие нишки ги припоиме во вселенскиот сектор. Ако ги развивавме тие нишки како дел од вселенскиот сектор можеме да донесеме нови иновации и нови работни места и да се пласираме како лидери во регионот.

Активна си и на социјални мрежи, го споделуваш своето знаење и активностите од истражувања од овие. Можат ли астроунатите да бидат инфлуенсери?

– Искрено е многу тешко затоа што конкретно астроунатите имаат голема и прилично исцрпувачка агенда и тешко постигнуваат се, иако прават многу напори за да бидат видени и да ја споделат целата наука. Меѓутоа гледам дека што повеќе активно работам во вселенскиот сектор, како сам човек е многу тешко да се постигне, иако вашето платформирање, носи до поголем интерес. Искрено, јас лично ги запоставив социјалните медиуми зошто одземаат многу време кое што го немам да го посветам во моментов. Многу е тешко да се заинтересира нашето општество за наука, затоа што често е досадна во споредба со другите стимули за тинејџерите и не знае да се пренесе интересно, но ако имаш добар тим и ако се вложиш може да креираш заедница која што ќе пројави малку поголем интерес.

DCIM100GOPROGOPR0504.JPG

Магистранд на вселенски науки кој работи и како „косплеј“ модел и се бориш жената да излезе од патријахалните граници. Како се перцепира тоа што си поразлична од другите кај нас и во западниот свет?

– Мислам дека има многу луѓе што те прифаќаат но и оние што ти прават булинг. Надвор имам навистина разноврсни колеги што прават се и сешто од хобија и не е така табу да бидеш инфлуенсер што е можеби поразличен од другите. Имам колеги кои прават секакви видови на креативни уметности и сепак комуницираат наука или се истражувачи, па до сега, никој не се ни дрзнал да ги потцени зошто колективната свест е на малку повисоко ниво. Баш напротив, се сметаат дека се повеќеслојни, побогати и поталентирани ако се „разбираат“ од необични работи што и не се толку чести.

Мартина, Ти си сертифициран нуркач на отворени води и имаш сертификат за суборбитални вселенски летови. Се подготвуваш ли за она вистинското, да станеш првата Македонка астроунат која била во вселената?

– Јас имам NAUI сертификат и NASTAR крила за суборбитални летови. Мислам дека тоа се убави достигнувања, но сметам дека за да имаме можност за лет ние би требало да имаме финансии за да финансираме наш астронаут. За тоа да се случи, ни треба вселенска програма и финансирање од неколку милиони долари. Сепак, сметам дека имаме многу можности денес и во комерцијалниот вселенски сектор. Има многу луѓе и многу компании кои нудат лет доколку си од непривилегирана држава а сепак придонесуваш во вселенскиот сектор. Можеби, можеби ќе ме видите на таков лет некогаш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

(ВИДЕО) Интервју со Ванковска: Да излеземе од НАТО, а договорите со Грција и Бугарија да се поништат, ако мислиме дека не може, тогаш сите во Вардар

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески