(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Од:

Имав предлог од раководството на партијата, како на пример од Кренар Лога, но и од Билал Касами и Изет Меџити да влезам во трката за претседател. Гледавме дека ако Алијансата за Албанците влезе во коалиција, излегува со многу голема разлика пред ДУИ, па затоа одлучив да се кандидирам за претседател и да влеземе во коалицијата Вреди, вели во интервју на А1он кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, предводник на едното крило на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

„Мислам дека постојат реални шанси да се оди во втор круг. Мислам дека со добра, позитивна кампања ќе добиеме поддршка од повеќе етнички заедници, тука мислам на Македонци, Турци, Власи, Роми, освен нашиот таргет, Албанците. Јас бев министер за здравство околу 100 дена и имаше една анкета после три месеци владеење, на кое министерството за здравство тогаш беше пред господинот Заев кој што беше премиер, значи ја вративме довербата во институцијата. Тука довербата не ја дале само Албанците. Јас во Гостивар не победив само кај Албанците, победив и кај Македонците и кај Турците. Имам искуство и како доктор над 20 години, барем тие што дошле со некого или преко некого знаат каков е Таравари како личност, мислам дека сум отворен и коректен кон сите етнички заедници. Кампањата е нешто најважно, тие месец и половина си го прават своето. Секој граѓанин бара правна држава и тоа е еден од нашите столбови, а претседателот има влијание во овој дел. Повеќето луѓе бегаат од тука поради нефункционирањето на правната држава. Граѓаните на Македонија не одат во Кина или Русија, туку во европските држави и тоа ни покажува каде треба да одиме. Се надевам дека наскоро ќе ги почнеме преговорите со Европската Унија, овие се главните работи со кои ќе се претставиме пред другите етнички заедници“, рече Таравари.

Ставот дека премиерот на Албанија, Еди Рама и премиерот на Косово, Албин Курти дека Таравари треба да биде кандидат за претседател не го гледа како директно мешање во внатрешните работи на Македонија

„Не е дека ме охрабриле, туку сме разговарале за албански кандидат за претседател. Воопшто не може да влијае и да ми се меша дали ќе се кандидирам или не. Може да ве охрабри секој, но одлуката ја носите сами“, посочи Таравари.

Доколку останат во вториот круг кандидатите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова немаат план кому ќе ја дадат поддршката. Вели со Мицкоски се немал видено или разговарано од декември 2022 година, а со Ковачевски се видел кон крајот на јануари, а по кандидатурата, лидерот на СДСМ му се јавил да му честита.

Според него, треба да има промена на Уставот, односно граѓански Устав, промена на начинот на кој се бира претседателот но и замена на називот „20 отсто“ со албанскиот јазик.

„Зошто да не ја отвориме дебатата за избор на претседател во Собранието иако слушам реакции од двете најголеми партии. Тоа се афективни реакции, треба да ги слушнеме експертите. Јас не кажав дека мора да биде така. Може да дадеме повеќе ингеренции на претседателот, да може директно да влијае, иако сме парламентарна демократија. Во соседни држави како Албанија и Грција, претседателите имаат повеќе ингеренции отколку во Македонија, па се бираат во Собранието. Јас сметам дека Уставот од 1974 би бил идеален и тогаш Македонија најдобро функционираше. Дали ни требаат 80 општини од кои 60 се нефункционални, порано имаше 20 и перфектно функционираа. Зошто како во САД да не се избира претседател на судот и шеф на полиција од граѓаните. Барем ќе имаат мандат даден од граѓаните. Сите овие теми треба да ги разговараме“, посочи Таравари.

Тој смета дека ДУИ овој пат ќе замине во опозиција, па затоа и заминал во коалиција со партиите чии претседатели се поранешни членови на партијата на Ахмети. Смета дека за да се намалат гласовите на ДУИ, мора да се отиде во коалиција со лица кои биле членови на партијата, како што се претседателите на БЕСА и Демократското движење, Билал Касами и Изет Меџити.

„Во македонскиот политички блок од 2002 година, сменети се 5 или 6 премиери, во САД сменети се 4 или 5 претседатели, а една партија останува цело време и тоа е доста долго, иако има многу крупни афери, но не би сакал тоа да го зборувам, сакам да имаме една европска кампања. Без да земете од ДУИ не можете да ги победите. Камо среќа да има повеќе мажи како Изет Меџити да излезат и да кажат дека оваа ДУИ не е добра и дека претераа со корупција и криминал. ДУИ поведува затоа што партиите на Албанците не успеваат да направа заедничка коалиција. Ако ги соберете двете партии во 2011 година имаа многу повеќе гласови отколку ДУИ. Во 2016 година се повтори истото, албанскиот гласач даде многу повеќе гласови за сите други партии отколку за ДУИ и во 2020 година, ако ги соберете сите гласови повторно, албанскиот гласач гласал за промени. Во 2024 година, сите сме заедно освен одредени деривати кои се фракции. Поддржувачите на Алијансата за Албанците 90 отсто се со нас, а во органите на партијата е друго, тоа е 60-40 отсто, но тоа се луѓе кои беа избрани од господинот Села. Сметам дека овие избори се готови, само не знам колку ќе биде разликата во пратеници на Вреди пред ДУИ“, кажа Таравари.

Вели, во 2016 година сите зборувале за режим, односно за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но бидејќи не можеле да се сменат двете партии, тие како Алијанса за Албанците одлучиле да бидат дел од владата на СДСМ и ДУИ, за дел од режимот да си замине. Лично бил против да се влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ во 2023 година, но го прифатил тоа бидејќи поголемиот дел од членовите на раководството на Алијансата за Албанците ја донело таа одлука.

„Во таа влада бевме само 5-6 месеци. Во 2020 година повторно немаше бројки за влада без ДУИ. Во 2023 година дојдовме во ситуација кога имаше препораки од за нас релевантни центри да дадеме шанса на Уставните измени. Влеговме во таа влада, но бевме критизери“, вели претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“.

Погледнете го целото интервју на А1он со Арбен Таравари, кандидат за претседател од коалицијата Вреди, предводник на едното крило од Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Течат роковите за поднесување приговори до ДИК за првиот круг претседателски избори

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ