Зеленски објави фотографии од ослободениот град: „Уништено e се што е потребно за живот“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави неколку фотографии од Лиман, стратешки важен град кој неодамна беше ослободен од украинските сили.

„Нашиот Лиман по заминувањето на окупаторите… Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Тоа може да се запре само на еден начин: ослободување на Украина. Ни треба живот, хуманост, правото и вистината, што е можно поскоро“, објави Зеленски.

Да потсетиме, руските сили се повлекоа во текот на викендот од Лиман, град во источниот регион Доњецк. Овој потег означи уште еден триумф на контраофанзивата на Украина на исток.

Но, фотографиите што ги објави Зеленски, како и другите фотографии и видеа кои доаѓаат од Лиман, покажуваат град кој е во голема мера уништен.

Би можело да ве интересира

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива