Зеленски: Киднапирањето на директорот на Запорожје е чин на руски терор

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје е чин на руски терор.

dobivaj vesti na viber

– Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќање.

Руска патрола го уапсила Игор Мурашов во петокот, објави во саботата државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Русија го потврдила случајот.

МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина уапси службеник во Херсон, го сомничат дека им помага на руските окупатори

Горан Наумовски

Гроси: МААЕ ќе го зголеми својот персонал во украинските нуклеарни централи

Чешки антиваксер и организатор на протести: Чешка ќе ја нападне Русија со атомски бомби

А1он

Аналитичар: Русите планираат масовни воздушни напади

А1он

Кличко: Нема да дозволиме Путин да ни го украде Божиќ, во Киев ќе има новогодишни елки

А1он

Украина: Руски војници силувале петгодишно девојче

А1он