Заштитата од бустер дозата драстично се намалува по четвртиот месец покажува американско истражување

Од:

Ефикасноста на третата доза на вакцините Фајзер и Модерна против коронавирусот драстично слабее по четвртиот месец од примањето на бустер дозата покажува нова студија која ја објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести. До сега со научни докази беше потврдено дека ефикасноста на вацкините се намалува по две дози, но релативно малку беше објавувано за траењето на заштитата од бустер дозата.

Новата студија се базира на податоците од 241.204 посети на итните служби и од 93.408 хоспитализации на возрасни лица со симптоми на ковид во периодот од 26. август до 22. јаунари 2022 година.

Во перидот во кој доминира сојот омикрон, ефикасноста на вакцините во случаите на испитанците кои барале лекарска помош поради симптоми налик на Ковид-19 била 87 посто во текот на првите два месеци по третата доза, но паднала на 66 проценти по четвртиот месец. Ефикасноста на вакцините против хоспитализација била 91 посто во првите два месеци, но паднала на 78 посто по четвртиот месец од примањето на бустер дозата.

Поради ваквите податоци, американските здравствени авторитети кои го спрдоведоа испитувањето препорачуваат дека треба да се разгледува опцијата за дополнителни дози за одржување или подобрување на заштитата.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД