„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД

Од:

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ соопшти дека има пад во приходите во третиот квартал, во услови на остар пад на продажбата на својата вакцина против Ковид-19, но ја зголеми проценката за годинашниот приход од вакцините на 34 милијарди долари.

Од јули до септември приходите на американскиот гигант паднаа за шест отсто, на 22,64 милијарди долари. Нето добивката, пак, забележа ист процентуален раст, на 8,6 милијарди долари.

Приходите од продажбата на вакцината против Ковид-19 паднаа за 66 отсто на 4,4 милијарди долари.

Продажбата на вакцината Comirnaty, развиена од Фајзер во партнерство со германската НиоНТек, се намали од високите нивоа во екот на пандемијата, бидејќи многу земји се блиску до крајот на нивните примарни кампањи за вакцинација.

Исто така, се стравува дека можно е да биде слаба побарувачката за адаптирани вакцини за кампањата за вакцинација. Поради тоа, Фајзер се надева дека ќе ја зголеми цената на вакцината приближно четирикратно во САД откако владата ќе престане да купува дози и продажбата же с епрефрли на пазарот.

Компанијата вчера ја зголеми својата проценка за годинашниот приход од вакцините за две милијарди долари, на 34 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД

Ана Ололовска

Директорот на Фајзер се зарази со Ковид по втор пат за два месеци

Ана Ололовска

Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА

Ана Ололовска