Започна трката на САД, Кина и Русија за вооружување

Од:

Американскиот претседател Барак Обама до Конгресот достави предлог за буџет за 2016 година, во кој за војската бара 585 милијарди долари, што е за осум проценти повеќе во однос на актуелниот буџет.

Предлогот за федералниот буџет за наредната фискална година која започнува од 1-ви октомври, предвидува значителен пораст на сојузната потрошувачка за образование, истражувања, инфраструктура и војска.

Како што е најавено основниот буџет кој оди во Пентагон би изнесувал 534,1 милијарди долари, додека 50,1 милијарди се предвидени за надворешни воени операции, главно за Авганистан, Ирак и Сирија но и за присуство на американските сили во Украина.

– Дополнителните пари кои би дошле во касата на Министерството за одбрана би се трошеле за набавка на воена опрема, за операции и трошоци за одржување – вели високо официјално лице од Пентагон.

Меѓу ставките во буџетот се и 57 авиони од следната генерација на Ф-36 борци, девет нови бродови и подморница, како и изградба на нови воздухопловни тенкери со долг домет. Најголемо зголемување односно 16 милијарди долари би добила авијацијата , потоа моранарицата 11 милијарди и на крај пешадијата 7 милијарди долари.

-Авионите Ф35 и бродовите се насочени против Кина и Русија. Во прашање е големо зголемување на одбранбениот буџет во време кога САД прокламираат вклучување во воени мисии- рече Мишел Чосудовски од Центарот за истражување на глобализација.

И заменик министерот за одбрана на САД, Роберт Ворк неодамна истакна дека е потребна храбра иницијатива со цел во развојот на вооружувањето да се остане пред Кина и Русија.

Од Пентагон исто така е упатен апел до државите членки на НАТО да развиваат иновативно оружје, а Ворк рече дека повисокиот буџет ќе придонесе за унапредување на воената технологија од нуклеарна, ракетно одбранбена до сајбер војување.

Последните информации за висината на воениот буџет на Кина се оние од 2014 година, кога за одбрана беа издвоени 132 милијарди долари. Кина дури во март ќе го усвои предлог буџетот за наредната година, но претходно беше најавено дека тој ќе изнесува 238,2 милијарди долари.

Додека Русија за наредната фискална година најавува зголемување на воениот буџет од 10 милијарди долари односно од 83,7 за 2015 година, на 93,9 милијарди за 2016 година. Помеѓу останатото Руската Федерација најави и дека до 2020 година за 70 проценти ќе ја надогради својата воена опрема.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува