Западното оружје нема да се користи за напади на руска територија ветил Зеленски

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Зеленски се согласил дека оружјето доставено од Запад нема да се користи за напад на руска територија.

„Постои консензус за ова прашање. Внимателно ја измеривме секоја испорака на оружје, во тесна соработка со нашите сојузници, почнувајќи од Америка“, изјави Шолц за Bild am Sonntag.

Западните сојузници на Украина ветија дека ќе ја вооружат со прецизни ракети и ракетни системи, како и со тенкови, додека таа се обидува да ги потисне руските трупи на нејзиниот исток.

Рускиот претседател Владимир Путин ја спореди интервенцијата на земји како Германија со борбата на неговиот народ за време на Втората светска војна.

„Повторно и повторно сме принудени да ја одбиваме агресијата на колективниот Запад“, рече тој во четвртокот по повод 80-годишнината од советската победа во битката кај Сталинград.

Сепак, Шолц ја отфрли оваа споредба.

„Неговите зборови се дел од низата апсурдни историски споредби што ги користи за да го оправда својот напад врз Украина. Но, ништо не ја оправдува оваа војна вели германскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ