Западноафриканските земји усвоија план за борба против џихадистите

Од:

Економската заедница на земјите од Западна Африка (ЦЕДЕАО) соопшти дека усвоила план за борба против џихадистите за периодот од 2020 до 2024 година, вреден милијарда долари. Овој план ЦЕДЕАО, проширен со Мавританија и Чад, го донесе на денеска одржаниот вонреден самит во Буркина Фасо.

Заедницата одлучи да „мобилизира финансики ресурси во износ од милијарда долари за борба против тероризмот“, изјави нигерискиот претседател Махамад Исофу.

Планот и буџетот за него ќе бидат претставени на следниот самит на Економската заедница на земјите од Западна Африка во декември, а парите ставени во заедничката каса ќе бидат користени посебно за „засилување на операбилната способност на националните армии и заедничките сили“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска