За пет години масакрирани половина од слоновите во Мозамбик

Од:

Во изминатите пет години бројот на слонови во Мозамбик двојно е намален поради ловокрадење, соопшти американската невладина органзиација Друштво за заштита на дивината (WCS).

По неодамнешните пребројувања регистриран е значителен пад – за само пет години во таа африканска држава убиени се 48 отсто слонови со што бројот е намален од 20.000 на 10.300 се вели во соопштение.

WCS наведуваат дека најмногу (95 отсто) слонови се убиени на север во Мозамбик во област што се граничи со Танзанија каде од 15.400 останати се само 6.100. Експерти проценуваат дека секоја година на целата територија на африканскиот континент илегално се убиени околу 30.000 слонови.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он