Драма во Аденскиот Залив – шест вооружени напаѓачи ја презедоа контролата врз танкер и го пренасочија кон Сомалија, објави Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).
Инцидентот се случил 136 наутички милји источно од јеменскиот остров Мукала, според Ројтерс.
Танкерот пловел кон запад кога му се приближил неовластен брод, соопшти UKMTO.
Детали за безбедноста на танкерот и неговиот екипаж сè уште не се објавени, што предизвикува дополнителни загрижености.
