Неколку американски војници се ранети во иранските напади

Од:

Јеменската влада ги осуди, како што рече, „неоправданите“ ирански напади со ракети и беспилотни летала врз Кувајт, Бахреин, Катар и Јордан, додека американските претставници потврдија дека неколку американски воени лица се ранети во иранските напади врз најмалку две бази во Јордан.

Јеменската влада во соопштението изјави дека нападите претставуваат грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на тие земји, закана за регионалната безбедност и стабилност и флагрантно кршење на меѓународното право.

Според неколку американски претставници, објавени од CBS News, немало смртни случаи меѓу американските и јорданските војници во нападите, додека сериозноста на повредите на ранетите сè уште не е позната.

Во исто време, Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека започнала ред напади врз Иран.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека соборила американски дрон Mk-9 над пристанишниот град Бушер, користејќи нов систем за воздушна одбрана кој е дел од интегрираната одбранбена мрежа на земјата.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите