(ВИДЕО) Јемен повторно во пламен: Воздушни напади врз Хутите и главниот град Сана

Од:

Според објавите на социјалните мрежи, американските и саудиските сили извршиле напади врз јеменските Хути. Според снимките од социјалната мрежа X, погоден е и главниот град Сана. Имено, како што понатаму се наведува, наводно биле погодени позициите што ги користат Хутите, кои се сојузници на Иран.

За потсетување, британскиот Гардијан неодамна објави дека Саудиска Арабија се подготвува за голема воена офанзива против Хутите, по море и евентуално по копно во централен Јемен.

Целта на оваа операција би била да се пробие блокадата што го загрозува извозот на саудиска нафта низ јужниот дел на Црвеното Море.

Во исто време, Ријад се обидува да формира меѓународна поморска коалиција што би ги заштитила трговските бродови од нападите на Хутите во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

„Телеграф“: Хутите подготвуваат напад за преземање контрола врз целиот Јемен

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва