(ВИДЕО) Марш кон Мариб: Армијата пред распад, паѓа ли градот?

Од:

Во тек се жестоки судири меѓу бунтовничките Хути, кои напредуваат, и силите што ја поддржуваат меѓународно признатата влада на Јемен, и тоа на две клучни упоришта во земјата, пренесува денеска Ал Џезира.

Директни судири избувнаа во областа Када, во округот Макбана, недалеку од градот Таиз на југозападот од земјата, а во меѓувреме, според извори на теренот, движењето Ансар Алах, предводено од Хутите, напредува кон стратешки важниот град Мариб на северот, но наидува на силен отпор од јеменските војници.

Ова се првите директни судири по падот на Мока. Владините сили, со поддршка од воздушни напади, водат жестоки борби на фронтот кај Када, додека на двете страни пристигнуваат засилувања, наведува Ал Џезира.

Како што се наведува, владините сили одбиле голем напад на Хутите во областите Ал-Машџа и Ал-Зур, западно од Мариб.

Судири се водат и во близина на стратешки важниот камп Мас, со силна артилериска размена на оган и воздушни напади насочени кон засилувањата на Хутите кои пристигнуваат преку округот Сарвах.

Мариб и Таиз се две главни упоришта на јеменската влада, наведува телевизијата.

Мариб е последното големо нафтено и гасно средиште под контрола на јеменската влада, а таму се наоѓаат клучни воени објекти и служи како главна логистичка база на владата на северот.

Неговиот пад практично би довел до распад на присуството на владата на северот и би им овозможил на Хутите контрола врз преостанатите енергетски ресурси на Јемен, наведува Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“