Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а најмалку 12 се повредени, меѓу кои и полицајци, во масовно пукање што се случи денеска во самиот центар на Краков, на југот од Полска, соопшти полицијата.

Во соопштението објавено на платформата Икс (X) се наведува дека напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата и со повреди е пренесен во болница.

Според информациите од полицијата, мажот влегол со автомобил на Главниот плоштад и започнал рафално и сурово да пука кон случајни минувачи.

Наоружаните полицајци по брза интервенција го неутрализираа и уапсија напаѓачот. Од полицијата потврдија дека нема други осомничени и дека напаѓачот делувал сам.

„Операцијата за спасување е во тек. Медицински хеликоптер слета директно на Главниот плоштад“, соопштија полициските служби.

Снимките што се проширија на социјалните мрежи прикажуваат полицаец како се приближува кон лице облечено во зелена воена униформа, шлем и панцир, кое лежи на земјата.

„Според информациите од полицајците на терен, мажот бил облечен во воена облека. За време на апсењето, полицајците употребија огнено оружје, но тој возврати со оган; како резултат на тоа, меѓу повредените има и двајца полицајци“, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата потврди дека напаѓачот користел воена автоматска пушка. Во неговото возило се пронајдени уште неколку парчиња оружје и поголемо количество муниција.

Паника и бегство на граѓаните

Вознемирувачките снимки од местото на настанот прикажуваат неколку паднати тела на плоштадот додека одекнувале истрели, додека храбри минувачи се обидувале да им помогнат на погодените. Други видеа прикажуваат панично бегство на граѓаните кои барале засолниште во блиските продавници и локали.

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека е „длабоко загрижен“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Останувам во постојан контакт со надлежните органи и очекувам целосно расветлување на сите околности за овој трагичен настан. Шефот на Бирото за национална безбедност е веќе на пат кон Краков. Безбедноста на Полјаците е апсолутен приоритет!“

На местото на настанот итно пристигна и министерот за внатрешни работи на Полска.

Би можело да ве интересира

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Русија ѝ се закани на Австрија

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп