(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Од:

Објавена е снимка од моментот кога вооружен напаѓач отвори оган врз луѓе во центарот на Краков, каде што загинаа шест лица, а 15 сњ повредени. Новите детали откриваат дека 24-годишниот Полјак имал дозвола за поседување огнено оружје.

„Во овој момент можеме да потврдиме дека шест лица загинаа, а 15 се повредени во пукањето во Краков“, соопшти локалната самоуправа во саботата во 18 часот по локално време. На жртвите им била укажана медицинска помош и беа пренесени во болница.

Според сведоци, околу 15 часот автомобил кој се движел со голема брзина влетал на Главниот плоштад во Краков. Во него се гледа на снимките маскиран напаѓач кој пука кон луѓето со огнено оружје.

Минувачите почнуваат да бегаат, барајќи засолниште во блиските кафулиња, ресторани и влезови на објекти.

Şehir merkezinde bir araçtan çevreye ateş açıldı. https://t.co/WUdhQmLhe2

— Conflict (@ConflictTR) November 7, 2026

Вооружениот напаѓач „пукаше од автомобил во движење“, соопшти полската полиција, пред да биде уапсен. Напаѓачот имал дозвола за оружје, а неговиот татко поседувал 11 парчиња оружје. Според Ројтерс, повикувајќи се на портпаролот на полската полиција Анджеј Фјолек, напаѓачот имал дозвола за поседување огнено оружје.

Според неговите зборови, напаѓачот користел пушка АР-15. Дополнително оружје и муниција биле пронајдени во неговиот автомобил.

Според пишувањето на „Онeт“, напаѓачот имал дозвола за две огнени оружја.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи и администрација, Каролина Галецка, на социјалната мрежа Икс истакнала дека сторителот на нападот е полски државјанин.

„Онeт“ го идентификуваш сторителот како Михал О. од Островјец Свјентокшиски, роден во 2002 година.

Тој управуваше автомобил регистриран на неговиот 52-годишен татко, жител на Свјентокшиското војводство. И таткото имал дозвола за поседување огнено оружје и поседувал вкупно 11 парчиња оружје. Ниту таткото ниту синот немале претходни кривични досиеја, наведува „Онeт“.

Заменик-инспекторката Катажина Цисло, портпаролка на Покраинската полициска управа во Краков, за телевизијата TVN24 изјави дека приведениот маж „бил облечен во воена облека и користел долга воена пушка“.

Од неговиот автомобил биле одземени и големо количество друго оружје и муниција, изјавила заменик-инспекторката Цисло.

Во багажникот на автомобилот со кој управувал, меѓу другото, биле пронајдени воен ранец и бајонет. Продолжил да пука кон полицијата и откако бил ранет.

Би можело да ве интересира

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем