ВИДЕО: Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија, оштетени два аеродроми

Од:

Хутите нападнаа два аеродроми во јужна Саудиска Арабија, при што беа повредени три лица, соопштија саудиските власти.

Оштетени беа меѓународниот аеродром „Крал Абдула бин Абдулазиз“ во Џазан и аеродромот во Наџран, во близина на границата со Јемен.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападите и ги предупредија меѓународните авиокомпании што го користат саудискиот воздушен простор да ги прекинат летовите, со исклучок на летовите над Мека и Медина.

Агенцијата на ЕУ за безбедност на воздухопловството предупреди дека честите ракетни и дронски напади, заедно со активирањето на системите за противвоздушна одбрана, го зголемуваат ризикот за цивилните авиони.

„Овие напади продолжуваат да го дестабилизираат регионот, поттикнуваат дополнително насилство и ја поткопуваат глобалната енергетска безбедност“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Нападите се случија додека Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Јемен започнаа контраофанзива за враќање на територии долж Црвеното Море. Хутите во последните денови презедоа одговорност за серија напади врз Саудиска Арабија, додека Ријад дел од нив не ги потврди или ги демантираше.

Позицијата на Хутите на Црвеното Море и во стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб им овозможува да вршат притисок врз Саудиска Арабија и да претставуваат ризик за глобалното снабдување со енергенси.

Војната во Јемен започна во 2014 година, кога Хутите го зазедоа главниот град Сана. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се вклучи во конфликтот една година подоцна на страната на меѓународно признатата јеменска влада. Во војната загинаа повеќе од 150.000 луѓе, а милиони беа раселени.

Во последните месеци тензиите повторно се зголемија. Хутите во септември започнаа нова офанзива, зазедоа нови територии и воспоставија контрола врз стратешки важен остров во Црвеното Море.

Според американски воени претставници, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман минатиот месец побарал воена помош од американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против Хутите. Трамп го ограничи американското учество на разузнавачка и друга индиректна поддршка.

Би можело да ве интересира

Египет одобри воена поддршка за Саудиска Арабија, Хутите велат дека тоа е објава на војна

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Две лица загинаа, а осум се повредени во напад на аеродром во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Експлозии во Саудиска Арабија, издадено е предупредување за опасност

Горан Наумовски

Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо, можеби Ердоган би можел да интервенира

Горан Наумовски

Хутите ѝ се закануваат на Саудиска Арабија со глобална изолација