Воена помош од Чад за Камерун во борбата против Боко харам

Од:

Претседателот на Камерун, Пол Бија изјави дека Чад ќе испрати војници во неговата земја, кои ќе помогнат во борбата со нигериските исламисти од Боко харам.

Бија не прецизира колку војници Чад ќе испрати ниту датумот на нивното распоредување во Камерун.

– Ангажманот на војниците од Чад е во рамките на одличните пријателски и добрососедски односи кои  ги поврзуваат двете држави, кои граничат со Нигерија, бастион на Боко харам, се посочува во соопштението на камерунската Влада.

Боко харам повеќе месеци презема трансгранични напади во северниот дел на Камерун, поставува експлозиви, напаѓа камиони и воени бази, подметнува пожари во селата и краде стока.

Нигериската армија во вторникот елиминира 42 борци на Боко харам при обидот на групата да го заземе североисточниот град Биу. Армијата уапсила и петмиан бунтовници.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он