На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

Од:

На меѓународниот аеродром во Тирана спречен е обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Полицискиот комесаријат на аеродромот ‘Ринаси’, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена информација по оперативен пат дека странец ќе се обиде да влезе во Албанија со значителни количини фалсификувани банкноти, успешно ја финализираа акцијата насловена ‘Ластра’. Во нејзини рамки уапсен е камерунскиот државјанин Ј.Н.(53), кој поседувал дозвола за престој во една од земјите на Европската унија, се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека при контрола полициските службеници во багажот на овој граѓанин откриле 1 милион и 75 илјади фалсификувани евра, во различни апоени, најмногу од 500 и 200 евра, апаратче и специјална хартија за производство на банкноти од различни апоени, кои се запленети заедно со мобилен телефон.

„Од истражните дејствија постојат основи на сомнение дека овој државјанин во соработка со други државјани во нашата држава пуштале во оптег фалсификувани банкноти. Продолжува работата за откривање и приведување на соработниците, се наведува во соопштенето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

После Грција, земјотрес ја погоди и Албанија

ВИДЕО: Уапсени двајца Македонци во Саранда, краделе низ туристичкиот центар

Катерина Ѓуровски

Грозоморен настан во Тирана – Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и се обесил

Катерина Ѓуровски

Приведен жител од кумановско Лопате, се обидел во казино да размени фалсификувани евра

Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа” кај Пустец