Во Уругвај од вчера легално може да се одгледува марихуана

Од:

Во Уругвај од вчера е легално одлегувањето на марихуаната, кое ќе биде контролирано од државата, соопшти уругвајската Агенција за борба со наркотици.

Новиот закон им дозволува на физичките лица законски да одгледуваат до шест растенија канабис. Клубовите за марихуана, кои имаат меѓу 15 и 45 членови, ќе имаат право да одгледуваат вкупно до 99 растенија.

Со легализирањето на одлегувањето, законот кој беше усвоен во 2013 година, сега минува во следната фаза, легализирање на продажбата на до 40 грама канабис од аптеки на регистрирани конзументи.

Се очекува продажбите да бидат легализирани до крајот на ноември или почетокот на декември.

Левичарската Влада на претседателот Хозе Мухика најави дека се надева оти со новите мерки ќе може поефикасно да се бори против незаконските наркокартели.

Агенцијата за борба против дрогата соопшти дека марихуаната ќе се продава по цена од околу 20 пезоси (88 американски центи) за грам.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Македонец ќе одговара за шверц на 250 килограми марихуана во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

(ВИДЕО) Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он