OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

Од:

Јавното обвинителството поведе истрага против 44-годишен скопјанецот од скопската населба Лисиче, кај кој полицијата пронајде 154 стебла канабис и откри „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш. Обвинителството бара од судот да одреди мерка притвор за скопјанецот.

ЈО информира дека против лицето е поведена истрага поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Во текот на 2023 година, во куќата каде престојувал на улицата „Анатолиј Зографски“ во населба Лисиче, тој неовластено произведувал наркотична дрога. Така, при претресот извршен на 15 ноември, таму биле пронајдени 154 стебла од растението „канабис“ со поединечна висина која се движи од 65 cm до 130 cm, како и четири шприца со волумен од по 10 ml, од кои три исполнети со темнокафеава смолеста материја – хашиш смола, а еден исполнет со 2 ml смолеста материја – хашиш смола, известуваат од ЈО.

Оттаму, посочуваат дека осомничениот за продажба држел и 12 најлонски кеси со марихуана со вкупна нето маса од 41,6 грама.

– Во подрумските простории од куќата во која престојувал инсталирал опрема за одржување на температура, опрема за вентилација и наводнување, соодветни ламби за вештачка светлина, вештачки ѓубрива и набавил семки од растението канабис. Ги засадил во засебни саксии, ги сместил и одгледувал во веќе опремена просторија во куќата, а од нив произведувал марихуана и хашиш, известуваат од ЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана