Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Од:

Недостиг од речиси осум тони сув цвет од медицински канабис е утврден при контрола во правно лице за одгледување медицински канабис во струмичко, по што СВР Струмица поднесе кривични пријави против компанијата и нејзиниот управител, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, при извршена контрола во просториите каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица, заедно со претставници на надлежната комисија при Министерството за здравство, констатирале повеќе неправилности.

– Покрај недостиг на документација поврзана со ангажираниот кадар и друга задолжителна документација, контролата покажала и недостиг од 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис. Кривичните пријави се поднесени против правно лице од селото Борисово, општина Ново Село, како и против В.К. од Ново Село, со престој во Струмица, во својство на управител на правното лице, поради сомнение за сторени кривични дела согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, велат од полицијата.

Од МВР информираат дека за утврдената количина на медицински канабис правното лице не поседувало соодветна документација ниту доказ за потекло и располагање со производот.

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун