Во Унгарија војници и помагаат на полицијата во одржувањето ред во вонредна состојба

Од:

Унгарските војници од денеска ќе и помагаат на полицијата во извршувањето на своите должности на јавни места и ќе учествуваат во одржување на редот, мирот и јавната безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Државниот секретар Силард Немет на прес-конференција рече дека војниците ќе помогнат да се контролира почитувањето на правилата што се во сила за време на вонредната состојба, вклучително и полицискиот час.

Немет додаде дека армијата ќе ги стави на располагање сите свои капацитети и средства за помош на унгарскиот народ и за одржување на безбедноста и мирот во земјата.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон