Во Унгарија едно лице загина во невреме, во Австрија 100.000 молњи во еден ден

Од:

Во невремето што синоќа ја погоди Унгарија едно лице загина, додека 29 луѓе се повредени, соопшти унгарската Служба за вонредни состојби.

Еден маж загинал од струен удар додека се симнувал во својот подрум, изјави портпаролот на Службата за вонредни состојби Даниел Мукич, додавајќи дека повеќето повреди се предизвикани од гранки кои бурата ги скршила од дрвјата.

Во неколку згради удрил гром па дошло до пожар, наведува Службата за вонредни состојби.

Студен бран вчера попладне ја зафати Унгарија со што заврши топлотниот бран. За време на синоќешната бура ветерот на некои места достигна брзина од 110 до 130 км на час.

За време на силното невреме, проследено со град што ја погоди Австрија, забележан е рекорден број на молњи – дури 91.165 молњи, регистрирани на небото над таа земја.

Од тој број, 14.928 биле удари на громови.

Град со големина јајце нанесе голема штета во покраината Корушка, каде властите морале да активираат возила за чистење снег, за да ги исчистат патиштата.

Многу покриви на куќи се оштетени, како и возила кои биле паркирани надвор, а на мнгоу автомобили градот им ги скршил стаклата.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена