Во Словенија уапсени повеќе од 120 илегални мигранти

Од:

Словенечката полиција од петокот до денеска уапси повеќе од 120 илегални мигранти поради нелегални преминувања на границата. Уапсени се и повеќе организатори.

Според словенечките медиуми, на подрачјето на Љубљана откриени се 24 мигранти, а на подрачјето на Ново Место 59. Неколку десетици мигранти се приведени во полициските управи на Копар и Нова Горица, а неколку на подрачјето на Обрежје, Марибор и Метлика.

Како што се наведува, најмногу мигранти се од Пакистан, Бангладеш, Алжир, Ирак и Мароко, а има и неколку државјани на Кина, Турција и Сенегал.

Во акцијата се откриени поголем број возачи, кои незаконски ги внеле мигрантите во Словенија. Меѓу нив има еден 65-годишен возач од Србија и еден албански државјанин кој ги возел мигрантите во возило со италијански ознаки.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо