Во Сицилијанскиот теснец за два дена спасени 4.000 мигранти

Од:

Во Сицилијанскиот теснец вчера се спасени 2.154 мигранти во 17 операции на спасување, додека понеделникот беа спасени 1.850 мигранти, објави италијанската крајбрежна стража во соопштение.

Бродови на италијанската крајбрежна стража и воена морнарица, еден норвешки брод од Фронтекс, европски агенции на границите на ЕУ и еден грчки брод, учествуваа вчера во координирани операции кои ги водеше оперативниот центар на италијанската крајбрежна стража базиран во Рим.

Спасени се сите патници од 16 гумени чамци и еден мал брод.

Во понеделникот 1.850 мигранти се спасени во осум одвоени операции, според истиот извор. Тие патувања го потврдуваат стравувањето од продолжување на масовни пристигнувања на италијанскиот брег.

Портпарол на либиската морнарица рече дека либиската крајбрежна стража кај Сабрата, меѓу Триполи и туниската граница, пресретнала шест пловила со 649 мигранти.

Ден порано 115 мигранти се спасени на отворено море кај Триполи кога им се расипал бродот. Според последните податоци на ОН по море од почетокот на годината пристигнале 19.900 лица во Италија и 153.000 во Грција.

Над 700 лица загинале или исчезнале во тој период во Средоземното Море.

Австрија вчера почна да подготвува терен за изградба на ограда која би го спречила патот на мигрантите на превојот Бренер на Алпите, еден од главните премини со Италија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески