Во САД на бремените жени и родилките им препорачуваат вакцинација со „Фајзер“ или „Модерна“

Од:

Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремени жени и родилките кои сакаат да се вакцинираат против Ковид тоа да го направт со вакцината Фајзер-Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон.

Објавата ги следи упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на аплицирање на вакцините Џонсон и Џонсон поради можно формирање на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен

„Во моментов, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, се додека не бидат појасни работите, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат mRNA вакцини – Фајзер или Модерна”, се вели во соопштението на ACOG.

Во нивното соопштение се додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина на Џонџон и Џонсон во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болки во стомакот, болка во нозете, отежнато дишење.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД