Во Италија државата прислушувала новинари кои ја истражувале миграцијата

Од:

Италијанската министерка за правда Марта Картабија ќе испрати инспектори на Сицилија по извештаите во медиумите дека обвинители прислушувале стотици телефонски разговори на најмалку 15 новинари кои известувале за миграцијата во Средоземното Море, објави Гардијан.

Италијанскиот весник Домани во петокот откри дека судиите во Трапани, кои истражуваат невладини организации за спасување мигранти и хуманитарни организации вклучени во трговија со луѓе, прислушувале телефонски разговори меѓу новинари и спасувачи и наводно им ги откриле изворите на медиумските работници.

„Гардијан“ испита документи кои детално опишуваат како обвинителите во Сицилија тајно ги прислушкувале разговорите меѓу новинарите и вработените во организациите. Се дискутираше за доверливи информации поврзани со нивните новинарски материјали.

Адвокатите и организациите го опишаа прислушувањето како еден од најсериозните напади на медиумите во историјата на Италија.

Министерката Картабија побара истрага за истрагата за Трапани. Според извор близок до Владата, министерката испратила инспектори на Сицилија за да проверат дали се повредени правата на новинарите.

Десетици пратеници побараа од Владата да интервенира. Предложено е и законодавство за да се заштитат новинарите од прислушување на нивните разговори со извори.

Обвинителите во Трапани велат дека фајловите со разговорите на новинарите им ги предал поранешниот главен обвинител и дека имаат намера да побараат судија да ги уништи.

Неколку новинари, чии телефони тајно ги прислушувале истражителите во 2017 година, откриле како либиски трговци со луѓе биле ангажирани од либиската крајбрежна стража, која доби четири патролни брода од Италија, откако постигна договор со тогашниот италијански министер за внатрешни работи Марко Минити.

Би можело да ве интересира

Во Италија врне снег, ветрот беснее, а се закануваат и поплави

Земјотрес ја потресе централна Италија

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

(ВИДЕО) Пронајден е лавот кој побегна од циркус во близина на Рим

Во Италија: Лав избега од циркус, се молат жителите да останат дома

Горан Наумовски