Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Од:

Во медиумите во Македонија работат околу 2.100 луѓе, распоредени на 3.146 работни позиции, покажа повеќемесечното истражување спроведено во текот на 2023 година. Самиот попис на работните позиции во медиумите во Македонија беше првиот чекор во истражувањето на состојбите во медиумите и во новинарството што ќе се користи за градење политики и застапување за подобрување на професионалниот статус и работничките права на новинарите и медиумските работници.

Според наодите од истражувањето, главни проблеми во медиумите се ниските плати, стресот во работата и непочитувањето на некои од основните работнички права кои се гарантирани со Законот за работните односи. Истражувањето, на пример, покажа дека во онлајн медиумите еден од најголемите проблеми е ангажирањето на новинарите врз хонорарна основа или со договори на определено време. Исто така, беше јасно идентификувано дека во локалните и регионалните медиуми постојано се намалува бројот на вработени и дека новинарите се маргинално застапени – во просек по 1,6 новинари работат во овие медиуми.

Еден од најзагрижувачките наоди е тоа дека околу половина од новинарите и 70% од медиумските работници имаат примања под просечната месечна плата (37.065 денари, мај-октомври 2023), што потврдува дека новинарството е слабо платена професија, што ги прави новинарите ранливи и подложни на различни влијанија. Ова значи дека, и покрај законските гаранции за слободата на медиумите и на новинарите, без нивна стабилна и поволна социо-економска состојба тешко ќе се постигне професионално и објективно новинарство.

Ова се некои од клучните наоди во публикацијата „Професионален статус и работнички права на новинарите и медиумските работници“, што заеднички ја објавија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС. Авторка на анализата е д-р Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС.

Поважни бројки и проценти од истражувањето:

Вкупно во медиумскиот сектор се попишани 3.146 работни позиции. Од нив, 1.694 се новинарски позиции, додека 1.452 се позиции на медиумски работници.

Онлајн медиумите вработуваат 20,2% од вкупно 1.039 редовно вработени новинари во медиумската индустрија.
Од вкупно 1.072 редовно вработени медиумски работници, дури 72,3% работат во МТВ и во телевизиите кои емитуваат програма на национално ниво.

Од вкупно 1.039 редовно вработени новинари 56% се жени, а од вкупно 1.072 редовно вработени медиумски работници 70% се мажи.
Од попишаните 681 работна позиција во онлајн медиумите само 39,1% се редовно вработени новинари и медиумски работници.
Од вкупно попишаните 240 работни позиции кај локалните и регионалните ТВ станици, 58% се хонорарни позиции.
Од попишаните 139 новинарски работни позиции кај локалните и регионалните ТВ станици, 61% се хонорарни позиции.
Во вкупно 32 локални и регионални ТВ станици редовно се вработени само 54 новинари. За овој супсектор е потребна нова стратегиска рамка и нова регулаторна политика бидејќи тој е на изумирање и отвора ризици за работничките права на новинарите.
Секоја локална или регионална ТВ станица вработува во просек по 1,69 новинари.
Од вкупно попишаните 252 работни позиции кај локалните и регионалните радио-станици, 60,7% се хонорарни позиции.
Од попишаните 177 новинарски работни позиции кај локалните и регионалните радио-станици, 63,28% се хонорарни позиции.
Во вкупно 62 локални и регионални радио-станици редовно се вработени само 65 новинари. За овој супсектор е потребна нова стратегиска рамка и нова регулаторна политика бидејќи тој е на изумирање и отвора ризици за работничките права на новинарите.
Секоја локална или регионална радио-станица вработува во просек по 1,05 новинари.

Околу половина од новинарите и 70% од медиумските работници имаат примања под просечната месечна плата во РСМ (37.065 денари, мај-октомври 2023).

Редовноста на платите не е проблем за најголемиот број испитаници (85%). На 12% платата им доцнела најмногу до еден месец.
Надоместок за прекувремена работа (постојано или често) не им се исплаќа на 38% од новинарите и на 36% од медиумските работници.
На 46% од вкупниот број испитаници никогаш или ретко им се исплаќал надоместок за работа во празници.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ