Во Идлиб продолжуваат борбите меѓу сириската армија и бунтовниците

Од:

Во Идлиб и денеска продолжија интензивни борби меѓу бунтовниците и сириската армија, соопшти воена надзорна група.

Судири избувнале во близина на Кан Шајкун, стратешки град во јужниот дел на Идлиб кој неодамна го освои сириската армија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Опсерваторијата сос седиште во Британија соопшти дека бунтовниците напредувале во селата источно од Кан Шајкун.

Интензивните борби биле пропратени со гранатирање и воздушни удари на владините сили врз позиции на бунтовниците, наведува Опсерваторијата и додава дека во судирите загинале 60 борци од двете страни.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град