И покрај заканата од коронавирусот и бојкотот на опозицијата во Гвинеја денеска се одржува уставен референдум, што може, како што се плашат противниците на претседателот Алфа Конде, да му даде можност да управува со земјата уште 12 години.
Приврзаниците на опозицијата одговоарајќи на повикот за попречување на референдумот, денеска предизвикаа немири на неколку избирачки места во главниот град Конакри, одложувајќи го почетокот на гласањето во некои окрузи, пренесуваат британските медиуми.
Безбедносните сили брзо ги задушија немирите и засега нема информации за жртви.
Со оглед на фактот дека во земјата се појавија првите два случаи на Ковид-19, на некои избирачки места од гласачите се барало да си ги измијат рацете пред земање на гласачкиот материјал, додека радио станиците ги потсетувале граѓаните да се држат на пристојна одалеченост едни од други.
Новиот Устав на земјата ќе воведе ограничувања од два шестгодишни претседателски мандати место досегашните два петгодишни. Меѓутоа, не се знае дали ќе се сметаат досегашните изминати мандати, иако Конде предложи тие да не се сметаат.