Во Ел Салвадор за 50 дена уапсени 30.000 членови на криминални банди

Од:

Откако претседателот Најиб Букеле во март ја почна „војната“ со криминалните банди кои ја тероризираа земјата, во Ел Салвадор се уапсени над 30.000 нивни членови, соопшти полицијата.

Букеле кон крајот на март прогласи вонредна состојба во земјата, по крвавиот викенд во кој 87 лица беа убиени во насилство меѓу бандите.

Оттогаш полицијата и армијата почнаа да приведуваат осомничени членови на банди, практикувајќи ги вонредните овластувања кои ја елиминираат потребата од налози за апсење.

Малата централно американска држава петкратно ги зголеми казните за членство во бандите.

Националната полиција на Твитер соопшти дека „вчера, на 15 мај, биле уапсени 536 терористи, на датумот што го означуваше 50-от ден од почетокот на вонредната состојба“.

„Вкупниот број на уапсени лица од почетокот на војната со бандите изнесува 30.506“, додаде полицијата.

Бранот притвори е без преседан во оваа земја со население од 6,5 милиони, кое со децении страда од насилниот криминал, предводен од моќните банди, како МС-13 и Барио 18. Според властите, овие банди бројат околу 70.000 членови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ужас во Ел Салвадор, најмалку 12 жртви во навивачко стампедо

ВИДЕО: Брутален нов мегазатвор во Ел Салвадор

Ана Ололовска

Парламентот на Ел Салвадор воведе вонредна состојба поради насилството на криминалните групи

Ана Ололовска

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Ана Ололовска

Биткоинот зајакна по веста дека го легализирале во Салвадор

Жарко Настоски