ВИДЕО: Брутален нов мегазатвор во Ел Салвадор

Од:

Првата група од 2.000 членови на банди во Ел Салвадор беше преместена во голем нов затвор оваа недела, откако претседателот Најиб Букеле објави „голема војна против криминалот“ во земјата. Десетици илјади осомничени гангстери се уапсени во земјата по порастот на убиствата и другите насилни злосторства, пишува Би-Би-Си.

Според најавите, во затворот на крајот ќе бидат сместени повеќе од 40.000 затвореници.

Претседателот Букеле на Твитер напиша дека првите 2.000 луѓе биле префрлени „во зори, во една операција“ во Центарот за борба против тероризмот, за кој вели дека е најголемиот затвор во Централна Америка.

„Ова ќе биде нивниот нов дом во кој ќе живеат со децении, сите измешани, и повеќе нема да можат да му наштетат на населението“.

Мегазатворот во Теколука, 74 километри југоисточно од главниот град на Ел Салвадор, се состои од осум згради. Секоја има 32 ќелии од околу 100 квадратни метри за да се сместат „повеќе од 100“ затвореници, вели владата. Ќелиите имаат само два мијалници и по два тоалета.

Aко Букеле продолжи со своите планови, затворот ќе има и една застрашувачка карактеристика: ќе постави рекорди за намерно дизајнирана пренатрупаност, според анализата на Фајненшл тајмс. Ако го достигне капацитетот од 40.000 затвореници, секој затвореник ќе има само 0,6 квадратни метри во заедничките ќелии.

„Четириесет илјади се премногу за управување на едно место, точка. Под никакви околности“, рече Мартин Хорн, пензиониран управник кој раководеше со затворите во Њујорк, вклучувајќи го и островот Рикерс, еден од најголемите во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ужас во Ел Салвадор, најмалку 12 жртви во навивачко стампедо

Во Ел Салвадор за 50 дена уапсени 30.000 членови на криминални банди

А1он

Парламентот на Ел Салвадор воведе вонредна состојба поради насилството на криминалните групи

Ана Ололовска

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Ана Ололовска

Биткоинот зајакна по веста дека го легализирале во Салвадор

Жарко Настоски