Во Дубаи почна да работи првата смарт полициска станица во светот

Од:

Во Дубаи, почна да работи првата смарт полициска станица во светот. Таа се простира на околу 120 квадратни метри и поделена е на три оддели – чекална, изложбен дел и одделение за услуги.

Откако ќе влезат во „паметната“ полициска станица, граѓаните извлекуваат број, а додека чекаат можат да играат игра, која ги учи на безбедно возење. Во одделението за услуги, со притискање на електронската табла почнуваат разговор со полицајци, кои се онлајн 24 часа, но работат од дома.

Сервисите се на шест јазици и пружаат 60 видови услуги, вклучувајќи плаќање сообраќајни казни, добивање потврди, пријавување инциденти или сообраќајни несреќи. Освен тоа, жителите на тој дел на Дубаи, можат да пријават изгубени и пронајдени предмети.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски