Во Африка над 10.000 заразени со коронавирус

Од:

Бројот на заразени со Ковид-19 во Африка достигна до 10.075 случаи, од кои 487 смртни, соопшти на Твитер Африканскиот центар за контрола и спречување болести.

Од сите 55 држави-членки на Африканскиот сојуз, 52 пријавија случаи на заразени. Поголем број, повеќе од 4.500, се граѓани на држави од Северна Африка.

Најмал број заразени, 861 случај, се регистрирани во источниот дел на континентот.

Најголем број се заразени во Јужноафриканската Република – 1.686, од кои 12 смртни. Алжир и Египет се следните, со 1.423 и 1.322 заразени.

Алжир има најмногу смртни случаи – 171. Во Египет има 85, а во Мароко 80.

Во моментот, Лесото и Коморските острови, кои се членки на Африканскиот сојуз, немаат регистрирани случаи на заразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ