Влијанието на Ковид-19 на лекувањето карцином е катастрофално

Од:

Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз лекувањето на рак е „катастрофално“, соопшти Светската здравствена организација за Европа. Тие нагласија дека има нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона.

– Влијанието на пандемијата врз третманот на карциномот во регионот не може да се нарече поинаку од катастрофа, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, по повод Светскиот ден на борбата против ракот.

Меѓу 53-те земји опфатени со СЗО за Европа, која вклучува неколку земји од Централна Азија, една од три земји има делумно или целосно суспендирани услуги за пациенти со карцином поради мобилизација против панемија на коронавирус или ограничувања на патувањето.

– Исто така, имаше недостиг на лекови против рак во некои земји и многумина имаат значително намалување на новодијагностицираните случаи на рак, дури и во најбогатите земји, наведе Клуге во изјавата, истакнувајќи дека има натамошно влошување на нееднаквоста поради економската криза.

Во Холандија и Белгија, при првото затворање во пролетта 2020 година, бројот на нови случаи на рак се намали за 30 до 40 проценти, во Киргистан за 90 проценти во април минатата година, изјави претставникот на ОН.

Според СЗО, во Велика Британија, одложувањата во дијагностицирањето и лекувањето може да ја зголемат смртноста од рак на дебелото црево за 15 проценти и смртноста од рак на дојка за девет проценти во следните пет години.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО