Властите во Камерун издејствувале ослободување заложници од Боко Харам

Од:

Властите во Камерун овозможиле ослободување 27 заложници од Боко Харам кои ги размениле за седуммина членови на радикалната нигериска група кои биле во затвор во Камерун.

Ослободувањето на заложниците беше објавено без други детали, јави ДПА повикувајќи се на локален весник.

Заложници на Боко Харам беа 10 кинески работници, сопругата и 16 роднини на камерунскиот вицепремиер Ахмаду Али, киднапирани пред три месеци.

Размената се случила на тајно место крај границата со Нигерија по неколку недели преговори, објавува весникот. Нигериски медиуми тврдат дека Камерун платил 400 илјади долари за откуп за сопругата на вицепремиерот и оти кинеската Влада платила извесна сума за ослободување на своите граѓани.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он