Властите во Хонгконг ќе забранат носење маски на јавни собири

Од:

Властите во Хонгконг планираат да забранат носење маски на јавни собири, јавуваат локалните медиуми.

Тие имаат намера да применат прописи за вонредни состојби што датираат од колонијалната ера за да ги задушат повеќемесечните протести во поранешната британска колонија.

Уредбата за итни случаи не се користи повеќе од 50 години.

Протестите во Хонгконг избија во јуни како одговор на законот за екстрадиција на осомничени престапници во Кина.

Критичарите стравуваат дека новите правила би можеле да ја поткопаат независноста на судството во Хонгконг и да им се заканат на дисиденти, пренесува Би-Би-Си.

Се очекува забраната да биде објавена в петок по состанок на извршен совет, јави локалната телевизија ТВБ. Со него, на властите ќе им се овозможи да „донесат каков било пропис за кој сметаат дека е во јавен интерес“ во случај на „итна ситуација или опасност за граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг