Високи температури и пожари во Австралија

Од:

Австралија денеска е зафатена од високи летни темпеаратури од над 40 степени Целзиусови, а пожарникарите се борат со пожари низ целата земја, додека медицински екипи им помагаат на оние со здравствени проблеми, пренесе ДПА.

Во соопштение на „Твитер“ премиерот Џулија Гилард ги повика своите сограѓани да преземат мерки на внимателност против жегата и да ги послушаат предупредувањата за можни шумски пожари.

Во Перт, на западното крајбрежје на земјата, е регистрирана најтоплата недела во последните 80 години. Во градот Јукла, на околу 1.430 километри источно од Перт, е регистриран локалниот рекорд на сите времиња од 48,2 степени.

Метеоролозите прогнозираат дека на островот Тасманија, што го карактеризира поумерена клима, термометрите ќе покажуваат 39 степени, во Мелбурн ќе биде 41 степен, а во Аделаида  44 степени.

Во средата просечните максимални температури, измерени на континентот, изнесуваа 39,2 степени, што е рекорд за последните 40 години. Апсолутниот температурен рекорд во Австралија изнесува 50,7 степени и е регистриран во 1960 година, но според синоптичарите не е исклучено сега тој да биде надминат, посочува ДПА.

Би можело да ве интересира

Маж од Буенос Аирес усмрти три жени, четвртата се бори за живот

Во Белград: Две лица се избодени со нож, жена е повредена во пожар

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија