Видеозапис покажува експлозија во Северна Кореја

Од:

Видеозапис снимен од Кина покажува експлозија во Северна Кореја, објавија бројни медиуми денеска, додека еден од јужнокорејските медиуми објави дека имало истекување на природен гас што предизвикало смртоносна експлозија во понеделникот.

Западните мeдиуми засега не ја потврдија автентичноста на видеото, кое беше добиено од АП и порталот „Дејли НК“ од Сеул, кој се занимава со ситуацијата во Северна Кореја.

Други јужнокорејски медиуми, исто така, цитираат неименувани извори кои наведуваат дека имало неколку експлозии. Цитирајќи неименуван извор од Северна Кореја, Дејли НК денеска објави дека до 15 лица загинале во експлозија и пожар што следувал во градот Хисан во провинцијата Јангганг, во близина на границата со Кина.

Видеото прикажува пожар над врвовите на дрвјата, со звук на бројни експлозии.

Севернокорејските медиуми не го спомнаа инцидентот, а властите на Јужна Кореја соопштија дека засега не можат да ги потврдат извештаите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи