Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Од:

Во текот на претходната ноќ дошло до судир меѓу полицијата и семејствата на двајца млади момчиња кои се исчезнати по експлозијата во Ротердам, откако се обиделе да го спречат уривањето на зградата во која се случи инцидентот.

Во таа прилика уапсени се двајца мажи.

Семејството на Камран Кан, третиот човек кој се води како исчезнат, претходно ја прекршиле наредбата на властите и неколку роднини влегле во урнатините и го пронашле телото на починатиот, пишува „NL Times“.

После тоа, надлежните поради немирите привремено ги прекинаа работите за уривање.

„Ова беше направено затоа што се плашевме дека луѓето ќе влезат под кранот за уривање“, рече портпаролот на полицијата.

Кога продолжило уривањето, двајца мажи, членови на семејството на исчезнатите мажи Илијас и Мустафа, се обиделе да се искачат на оградата што ја опкружувала областа, по што биле уапсени.

Експлозијата се случи на 30 јануари во автомобил во гаражата под станбениот комплекс, по што избувна пожар во зградата, а десетици жители не можат да се вратат во своите домови поради прекумерна штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во паркот Јелоустоун се случи хидротермална експлозија, нема повредени

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика за оружје во Арканзас

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Втора жртва во експлозијата на бомба во Црна Гора, загинал и член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Еден загинат, неколкумина повредени по експлозија во Цетиње

Горан Наумовски

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски