ВИДЕО: Туристи не носеле маски на Бали, по казна прават склекови

Од:

Познатото летно одморалиште во Индонезија, островот Бали од минатата година има воведено задолжително носење на заштитна маска поради коронавирусот, а кршењето на таа обврска се санкционира парично, но и на други, многу невообичаени начини.

Снимка која се прошири социјалните мрежи прикажува збунети странски туристи кои, облечени за на плажа или за прошетка низ егзотичниот остров, во присуство на полиција прават склекови.

Тоа е всушност казна за странците кои не ги почитуваат правилата за превенција од ширење на коронавирусот во оваа земја, а кои со себе немале седум долари да ја платат казната за неносењето заштитна маска. До Бали нема директни летови од странство и островот е главно затворен за странски туристи, но сепак има странци кои пристигнуваат од останатиот дел на Индонезија.

Во последните неколку дена полицијата „фатила“ околу стотина туристи кои не носеле заштитна маска. Повеќето ја платиле казната, но колку 30 немале во себе пари, па морале да прават склекови. Оние кои воопшто немале маска морале да направат 50 склекови, додека оние кои не ја носеле на правилен начин, добивале физички полесна задача и морале да направат 15 склекови.

Овој метод на казнување меѓутоа не важи само за странците, туку е забележан и случај кога неколку локални жители биле принудени да вежбаат поради непочитување на антиепидемиолошките мерки.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски