ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Од:

Вулканот Руанг на индонезискиот остров Сулавеси повторно еруптираше, по ерупцијата што принуди евакуација на стотици луѓе и затворање на аеродромот пред неколку дена. Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошки опасности (ПВМБГ) прогласи највисоко ниво на тревога по утринската ерупција и ги повика луѓето да не се приближуваат до вулканот, се наведува на веб-страницата на Центарот.

Над 800 жители живеат на островот Руанг во провинцијата Северен Сулавеси, од кои повеќето беа евакуирани поради ерупцијата на почетокот на месецот. Веднаш не се знае колку се евакуирани, пренесува Ројтерс.

Државната агенција за помош при катастрофи не одговори веднаш на барањето за коментар.

Снимката на социјалните мрежи, која Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди како автентична, покажува како лава се излева по вулканот, кој се наоѓа на околу сто километри од Манадо, главниот град на провинцијата Сулавеси. Сообраќајните власти привремено го затворија аеродромот во Манадо по ерупцијата на почетокот на овој месец. Карпата и пепелта што бликаа од вулканот оштетија куќи, а поради опасност е евакуирана и блиската болница.

Официјалните лица го намалија нивото на тревога на 3 минатата недела, но повторно го подигнаа на ниво 4 во вторникот. Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен прстен“, област со висока сеизмичка активност, каде што се среќаваат неколку тектонски плочи.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски